По одигрувањето на возвратните, четвртфинални, натпревари во фудбалската Лига Европа, вечерва, ќе бидат познати, полуфиналистите во ова натпреварување.

По првите натпревари, кои се одигра минатиот четврток, со сигурна предност се стекна само Атлетик Билбао. Баскијците кои се вистински хит во Лига Европа, како гости го победија Шалке со 4:2. Резултатот ја прави невозможна мисијата на Шалке, кој „Сан Мамеш“ треба да постигне три гола, а да не прими ниту еден, за да избори пласман меѓу најдобрите четири тима.

Многу повеќе неизвесност се очекува да има на преостанатите три натпревара, на кои вечерашните домаќини, на првите средби беа поразени со 2:1.

Валенсија, во незгоден момент ќе го пречека АЗ Алкмар, второпласираниот тим во холандското првенство. Валенсија, на последните  пет натпревари има само една победа.

Хановер, кој во своето второ учество во европските купови, се претстави во одлично светло, пласман во полуфиналето ќе брка преку Атлетико Мадрид, кој во 2012 година, под водство на Диего Симеоне има само еден пораз на гостински терен. Украинскиот преставник Металист ќе му биде домаќин на Спортинг Лисабон.

Натпреварите ќе започнат во 21:05 часот.

Полуфиналните пресметки на програмата се на 19. и 25. април, во нив ќе играат победниците од дуелите Валенсија/АЗ Алкмар-Хановер/Атлетико Мадрид, односно Атлетик Билбао/Шалке-Металист/Спортинг.

Финалниот меч во Лига Европа ќе се одигра на 9. мај во Букурешт.

“макфакс“
Ohridnews