Вечерва, во најмасовното клупско натпреварување, Лигата на Европа, ќе се одиграат првите натпревари од четвртфиналето.

Четирите пресметки се интересни сами по себе. Најмногу внимание привлекува дуелот Динамо Загреб – Виљареал. За Динамо Загреб настапуваат македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски, кои пред себе имаат тежок и квалитетен противник. „Модрите“ докажаа дека можат и против најдобрите, елиминирајќи го Тотенхем, иако првиот меч во Лондон го изгубија со 2-0.

Еден од фаворитите за титулата во ЛЕ, Манчестер Јунајтед патува во Шпанија, на пресметка со Гранада, додека вториот англиски претставник Арсенал, на домашен тере ја пречекува Славија Прага. Во четвртата двојка силите ќе ги одмерат Ајакс – Рома.

  • Двојки:

Ајакс – Рома

Арсенал – Славија Прага

Динамо Загреб – Виљареал

Гранада – Манчестер Јунајтед

OhridNews