Екипата на Македонскиот репрезентативец Дарко Тасевски, Киријат Шмона претрпе пораз од минатогодишниот финалист во Лигата на Европа, Атлетик Билбао 0-2 и ги загуби теоретските шанси за пласман во наредната фаза.


На едно коло пред крајот од групите израелскиот преставник во најмасовното натпреварување има два бодови и се наоѓа на последното место додека Атлетик Билбао со четири бодови е третопласиран.

Прв во групата И со 13 бодови е францускиот Лион, а втор патник во 1/16 финалето е Спарта Прага.

Мх.П.