Мајами го порази Далас со 92-84 и поведе со 1-0 во финалната серија од НБА лигата. “Жешките“ предводени од тандемот Ле Брон Џејмс (24 п и 9ск) и Двејн Вејд (22п, 10 ск, 6 асс) ја одбранија предноста на домашен терен.


Дирк Новитцки немаше своја вечер, уфрли 27 поени но со реализција 7 од 18, што е нетипично за германецот. Шон Мерион мечот го заврши со 16 поени и 10 скока.

Видео : Мајами – Далас 92-84

Вториот натпревар се игра во Мајами во петок наутро.