Челси ќе биде осетно ослабен за утрешниот финален дуел од Лигата на Европа против Бенфика откако беше обелоденето дека Еден Азар нема да може да настапи на мечот на „Амстедам арена“. Белгискиот крилен фудбалер се повреди за време на минатонеделниот меч со Астон вила, а обидите на лекарскиот тим на Челси да го оспособат за настап не се покажаа како успешни.


 
„За жал, Азар нема да може да ни помогне на ова финале. Тој воопшто не можеше да тренира денеска, така што утре сигурно нема да се најде на теренот. Се уште е неизвесен статусот на Џон Тери, кој беше со нас мал ден од тренингот, а во текот на утрешниот ден ќе решиме дали дефанзивецот ќе може да настапи против Бенфика“ – истакна стратегот на Челси, Рафа Бенитез. 
 
Резервниот лев бек Рајан Бертранд исто така се повреди и не е во комбинација за настап на големото финале, Демба Ба нема право на настап во Лигата на Европа, а крајно неизвесен е и настапот на Џон Оби Микел. Во една таква ситуација, за очекување е Челси да се појави на „Амстердам арена“ со следниот стартен тим: Чех, Азпиликуета, Кол, Кејхил, Ивановиќ, Давид Луиз, Лампард, Рамиреш, Мата, Оскар, Торес.

“Екипа.мк”