Екипата на Милан во целост ја потврди фаворитската улога во дуелот со Шкендија на „Сан Сиро“ победувајќи со 6-0 во првиот од двата натпревари.
„Росонерите“ уште по првиот дел се стекнаа со убедлива предност со двата голови на Андре Силва и едниот на Рикардо Монтоливо.
Во вториот дел домашните фудбалери постигнаа нови три голови преку Фабио Борини, Лука Антонели и Рикардо Монтоливо за убедлива победа (6-0).
Реваншот кој ќе се одигра за седум дена во Скопје ќе биде чиста формалност и ќе послужи тетовските „црвено црни“ да се збогуваат со своите навивачи од европските мечеви.
OhridNews