Фудбалерите на Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао, вечерва во Букурешт ќе го одиграат деветото финале во Лига Европа, во минатото Куп на УЕФА, во кое ќе се сретнат два тима од иста земја.

Првото финале екипи од иста земја го одиграа во 1972 година, Тотенхем со 2:1 и 1:1 беше подобра од Вулверхемптон, осум години подоцна во германското финале Ајнтрахт Франкфурт со 2:3 и 1:0 го освои трофејот против Борусија Менхенгладбах.

Потоа се случија четири финалиња во кои играа тимови од Италија, во 1990 Јувентус во двомечот со 3:1 и 0:0 ја победи Фиорентина, следната година, 1991, Интер го освои пехарот откако во финалните мечеви со 2:0 и 1:0 ја победи Рома.

Парма во 1995 година стигна до пехарот откако финалниот двомеч против Јувентус го доби со 2:1 (1:0, 1:1).  Интер во 1998 година, во финалето во Париз го победи Лацио со 3:0.

Девет години подоцна повторно се сретнаа екипи од иста земја, Севилја по изведувањето на пенали со 3:1 го победи Еспањол, инаку, финалето кое се одигра во Глазгов по 120 минути игра заврши 2:2.

Минатата година Порто, во Даблин, ја победи Брага со 1:0.

ohridnews