Со погодокот на црномурестиот фудбалер Џексон Мартинез екипата на Порто забележа минимална победа 1-0 против Наполи на првиот осминафинален од Лигата на Европа.

Ниту македонскиот интернационалец Горан Пандев не им помогна на „азурите“ да избегнат пораз по влегувањето во игра во 79-та минута на местото од Шпанецот, Калјехон.

Резултати : Порто – Наполи 1-0, Лудогорец – Валенсија 0-3, Базел – Салзбург 0-0, Јувентус – Фиорентина, АЗ – Анжи, Лион – Плзен, Севилја – Бетис, Тотенхем – Бенфика.

Реванш натпреварите во 1/8 финалето од Лигата на Европа се играат за една седмица односно на 20 март.

Мх.П.