Македонскиот фудбалски шампион, Вардар забележа голема победа (2-0) во првата рунда од бараж двомечот со турскиот гигант Фенербахче за пласман во групната фаза во Лигата на Европа.

Скопските „црвено црни“ предводени од новиот тренер Чедомир Јаневски одиграа лавовоски и со срце и на колена ги фрлија преплатени ѕвезди во турскиот состав.

„Фешта“ на Националната арена „Филип Втори“ најави Тигран Барѕегјан кој го отвори резултат во 20-та минута од натпреварот.

Наградата за пожртвуваната игра во одбраната за фудбалерите на Вардар стигнаа во финишот кога со автоголот на Мехмет Топал го дуплираа водството.

Реваншот во Турција се игра за недела дена, а никогаш македонска екипа не била поблиску до пласман во групна фаза од некое европско клупско натпреварување.

Фото: Гол.мк
OhridNews