Елиминацијата на Интер и пласманот на Арсенал помеѓу најдобрите осум се работи кои ги одбележаа реванш натпреварите во 1/8 финалето од Лигата на Европа.

Непреминлива пречка за „нероазурите“ беше германскиот бундеслигаш Ајнтрахт Франкфурт. Германците славеа мининално 1-0, но сосема доволно со оглед дека првиот меч во Франкфурт заврши без голови и без победник. Човек на одлука во двомечот беше Лука Јовиќ кој постигна единствениот погодок во Милано.

„Топчиите“ во недела дена си поиграа со нервите на симпатизерите. Минатиот четврток изгубија во Франција од Рен 3-1, викендов кој помина го совладаа Манчестер Јунајтед во дерби пресметката, а вечерва на Емирати го преслушаа францускиот состав (3-0) и со 4-3 се чекираа во 1/4 финалето. Творци на победата беа Пјер Америк Обамејанг и Аинсли Мајтланд Најлс кои ги искомбинираа головите.

Резултати: Динамо Киев – Челси 0-5 (0-3), Краснодар – Валенсија 1-1 (1-2), Салзбург – Наполи 3-1 (0-3), Арсенал – Рен 3-0 (3-1), Бенфика – Динамо Загреб 3-0 (0-1), Интер – Ајнтрахт Франкфурт 0-1 (0-0), Славија Прага – Севиља 4-3 (2-2), Виљареал – Зенит 2-0 (3-1).

Во заградите се резултатите од првите натпревари. Ждрепката за 1/4 финалето е петок (утре) со почеток во 13 часот.

OhridNews