Најдобриот фудбалски судија во Германија, Волфган Штарк, ќе ја дели правдата на финалниот натпревар во Лига Европа, меѓу Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао.


Штарк зад себе, како главен судија, има 54 натпревари во европските купови, а беше дел и од судискиот тим кој ја делеше правдата на Светското првенство во Јужна Африка, пред две години.

Помошници на Штарк ќе му бидат неговите сонародници: Јан Хендрик Салвер, Мајк Пицке, Флоријан Мејер и Дениз Ајтекин. Замена на Штарк, доколку се случи нешто непредвидено, ќе биде Лоран Ланој од Франција.


Атлетико Мадрид и Атлетик Билабо финалниот меч ќе го одиграат на 9. мај во Букуреш