Екипите на Бенфика и Јувентус се пред пласман во 1/2 финалето во Лигата на Европа откако забележаа минимални победи 1-0 надвор од своите стадиони над АЗ и Лион во првите четвртфинални натпревари.

Пред портите на 1/2 финалето е тимот на Базел, кој пред своите гледачи го декласираше составот на Валенсија совладувајќи го 3-0. Еден од поинтересните натпревари во реванш мечевите ќе биде Порто – Севилја, кој заврши со победа 1-0 за португалците.

Мх.П.