Заедно со Лигата на Шампиони, започна и најмасовното клупско натпреварување Лигата на Европа. Од првите мечеви се “офајдија“ гостите, Бешикташ триумфираше над минатогодишниот финалист Брага со 2-0 додека Олимпијакос со минимално 1-0 го совлада Рубин Казан.

Деби од соништата на голот на грците имаше поранешниот голман на Манчестер Јунајтед, Рој Керол кој успеа да го одбрани пеналот на Начо, единствениот погодок на натпреварот го постигна Торијос. Сивок и Симао беа прецизни за турците кои стекнаа голема предност пред реванш мечот.

Мх.П.