Бранителот на трофејот во Лигата на Европа, Порто претрпе убедлив пораз од 4-0 на реванш мечот со Манчестер Сити во 1/16 финалето. “Граѓаните“ со севкупни 6-1 го елиминираа минатогодишниот првак и се пласирааво 1/8 финалето.


Аргентинецот Кун Агуеро ништо не остаде на случајност уште во првата минута постигна погодок, потоа следуваа погодиците на Џеко, Силва и дебитанскиот на новајлијата Давид Пизаро.

Мх.П.