Бранителот на трофејот во Лигата на Европа, Порто е пред елиминација откако на Драгао претрпеа пораз 2-1 од Манчестер Сити.


Португалците поведоа со погодок на Варела во 28-та минута. Во вториот
дел Манчестер Сити нападна со сите расположливи средства, иницијативата
на теренот вроди со плод во 55-та минута, кога Переира ја затресе
сопствената мрежа. Победата на “граѓаните“ ја донесе “џокерот“ Агуеро по
несебичното додавање на Јаја Туре.

Резултати : Хановер – Клуб Бриж 2-1 , Порто – Манчестер Сити 1-2, Стеауа Букурешт – 
Твенте 0-1, Стоук – Валенсија 0-1, Трабзон – ПСВ 1-2, Удинезе – ПАОК 0-0, Висла –
Стандард Лиеж 1-1.

Мх.П.