Огромно беше разочарувањето на лицата на португалците кои финалето го загубија во последната минута од мечот.
– Беше тоа финале помеѓу два одлични тима. Одигравме одлично финале, но ни недостигаше среќа за да го добиеме тоа што го заслуживме. Разочарани сме – истакна тренерот на Бенфика, Хорхе Хесус.
– Одигравме одлично, но немавме среќа. Подобри бевме од нашиот противник, создадовме повеќе шанси но не секогаш победува подбриот тим. Честитки за Челси – рече дефанзивецот Немања Матиќ.
Челси ја освои Лигата на Европа (видео)