Фудбалерите на Интер и Манчестер Јунајтед се пласираа во 1/4 финалето од најголемото клупско натпреварување под капата на УЕФА, Лигата на Европа.

„Нероазурите“ пласманот во топ 8 го осигураа со триумфот над Гетафе со 2-0 на неутрален терен, додека „црвените ѓаволи“ со нов триумф (2-1) и вкупен резултат 7-1 го елиминираа Ласк.

Интер играше само еден натпревар поради новиот формат во ЛЕ, а Манчестер Јунајтед кој го одигра првиот натпревар пред прекинот на сезоната поради коронавурусот мораше да се сретне уште еднаш со Ласк.

Покрај Интер и Манчестер Јунајтед во 1/4 финалето пласман обезбедија Копенхаген кој со 3-1 вкупен резултат го елиминираше турски Башекшехир и Шахтјор Доњецк кој со 5-1 беше подобар од Волфсбург.

Четвртфиналистите во ЛЕ ќе се комплетираат утре (среда) со преостанатите четири натпревари од осминафиналето.

OhridNews