Фаворитите за освојување на титулата во Лигата на Европа, Интер и Манчестер Јунајтед се првите патници во 1/2 финалето од завршниот турнир на најмасовното клупско натпреварување

„Нероазурите“ билетот за пласман во полуфиналето го заверија со триумфот (2-1) над Баер Леверкузен, додека „црвените ѓаволи“ после дополнителни триесет минути го совладаа Копенхаген со 1-0 откако регуларниот дел заврши 0-0.

 

Интер во 1/2 финалето силите ќе ги одмери со победникот од Базел – Шахтјор Доњецк, а Манчестер Јунајтед ќе се сретне со подобриот од средбата Вулверхемптон – Севиља.

OhridNews