Реваншот натпреварот на Интер против Лудогорец во 1/16 финалето во Лигата на Европа има опција да се одигра на „Џузепе Меаца“ стадионот без публика или пак на неутрален терен со присуство на публика.

На ваков чекор, челниците на Интер во соработка со италијанските власти и УЕФА ќе се одлучат поради опасноста од ширење на смртоносниот коронавирус, кој викендов ги одложи сите спортски збиднувања во северниот дел од Италија.

Информацијата не е потврдена, но во текот на денот треба да се донесе конечна одлука и да ѝ се соопшти на јавноста. Интер не го одигра мечот со Сампдорија викендов во Серија А, токму поради опасноста од коронавирусот кој го однесе првиот живот во Италија.

Интер во Бугарија во првиот натпревар славеше со 2-0 и реваншот според сите проценки треба да биде чиста формалност и промоција на „нероазурите“ во 1/18 финалето.

OhridNews