Тетекс го победи Вентспилс со 3-1 и се пласираше во третото квалификациско коло од Лигата Европа. “Штофарите“ отпрот на гостите го скршија во петнаесеттата минута преку косовскиот интернационалец Исени. На 2-0 до крајот на првиот дел зголеми Ристески. Одличното попладне за дебитантот во европските натпревари го заокружи Глигоровски во 55 минута.


Почесниот погодок за Венстпилс беше дело на Веспаловс во 81 минута. Тетекс во наредното коло ќе игра со  шведскиот Елфсборг. Првиот натрпевар се игра во Шведска на 29 јули, додека реванш мечот се игра на 5 август во Скопје.

М.П.