Најмасовното натпреварување Лигата на Европа полека влегува во завршната фаза, со тоа доаѓаат и дерби средбите. Во 1/8 финалето ждрепката сакаша да се сретнат англискиот гигант Манчестер Јунајтед – Атлетик Билбао. Манчестер Сити по елиминацијата на Порто, повторни доби португалска задача, овој пат Спортинг Лисабон.


Паровите во 1/8 финалето :

Манчестер Јунајтед – Атлетик Билбао
Спортинг Лисабон – Манчестер Сити
Металист – Олимпијакос
Валенсија – ПСВ
Атлетико Мадрид – Бешикташ
АЗ Алкмар – Удинезе
Твенте – Шалке
Стандард – Хановер.

Првите натпревари од 1/8 финалето се играат на 8 март додека реванш мечевите се закажани седум дена подоцна односно на 15 март.

Мх.П.