Екипата на Лос Анџелес лејкерс ноќeска загуби од Минесота тимбервулвс во натпреварот од регуларната сезона во НБА со 111:102.

За тимот од Калифорнија ова беше петти пораз во низа од почетокот на новата сезона во најсилната кошаркарска лига на светот.

Најдобри во победничкиот тим беа Ентони Едвардс со 29 поени и Руди Гоберт со 22 поена и скок. Кај Лејксер најефикасни беа Леброн Џејмс со 28 и Расел Вестбрук со 18 поени.

За разлика од Лејкерс, Орландо меџик успеа да ја прекине „црната“ серија од пет порази по ред совладувајќи го тимот на Шарлот хорнетс со 113:93.

OhridNews