Комплетирани се 32-те екипи кои ќе учествуваат во првата елиминациска фаза во Лигата на Европа односно 1/16 финале.
Од 12-те групи во Лигата на Европа се пласираа по две екипи, а останатите осум се третопласираните екипи кои завршија во групите од Лигата на Шампиони.
Екипи учесници во 1/16 финалето од Лигата на Европа : Валенсија, Свонси, Лудогорец, Черноморец, Слазбург, Ејсберг, Рубин Казан, Марибор, Фиорентина, Днипро, Ајнтрахт, Макаби, Генк, Динамо Киев, Севиља, Либерец, Лион, Бетис, Трабзон, Лацио, Тотенхем, Анжи, АЗ, Паок, Шахјтор, Јувентус, Бенфика, Викторија Плзен, Базел, Наполи, Порто, Ајакс.
Ждрепката за паровите во 1/16 финалето е в понеделник со почеток во 13 часот, веднаш по извлекувањето за дуелите во Лигата на Шампиони.
Мх.П.