До колку двете македонски екипи Тетекс и Работнички обезбедат пласман во третото квалификациско коло  во Европската лига, УЕФА ќе направи промена на распоредот бидејќи македонските преставници своите натпревари ги играат на “Филип Втори“ во Скопје.


Во случај на пласман во третото коло и Тетекс и Работнички би требало да се домаќини на 5 август, затоа УЕФА, одредила дека во случај на победа на Тетекс, Работнички да
биде домаќин на првиот меч за две недели, на 29 јули, а реваншот да се
игра седум дена подоцна на 5 август во Ливерпул.

Во случај Тетекс да не
успее идниот четврток да го победи Вентспилс со каква било победа, тогаш
распоредот останува ист.

Ohridnews