Манчестер Јунајтед, Металист и Атлетико Мадрид завршија “пола“ од работата во 1/16 финалето од Лига Европа откако извојува победи на гостински терен. “Црвените ѓаволи“ го совладаа Ајакс со 2-0 благодарение на погодоците во вториот дел на Јанг и Чичарито.  “Јорганџиите“ славеа над Лацио со 3-1.  Стрелци на головите за освојувачот на трофејот од 2010 година беа Радамел Фалкао на два пати и еднаш Адријан.

Резултати : Локомотив Москва – Атлетик Билбао 2-1, Ајакс – Манчестер Јунајтед 0-2,  Алкмар – Андерлехт 1-0, Лацио – Атлетико Мадрид 1-3 , Легија – Спортинг 2-2, Плзен – Шалке 1-1 , Салзбург – Металист 0-4.

Мх.П.