Англиско шпанската  пресметка помеѓу Манчестер Јунајтед и Атлетик Билбао на Олд Трафорд е најпривлечниот меч од 1/8 финалето во Лигата на Европа. Слабата игра на домашен терен “црвените ѓаволи“ ги чинеше елиминиција од Лигата на Шампиони. Манаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон најави “будење“ на своите фудбалери на првиот натпревар од 1/8 финалето.


Атлетик Билбао сезонава игра како во “соништата“. “Баскијците“ во Примера се четвртопласирани,  место кое води во квалификации за Лигата на Шампиони додека во 1/8 финалето од најмасовното натпреварување, пред себе го имаат големиот Манчестер Јунајтед.


Во останатите натпревари oд 1/8 финалето ќе се сретнат : Спортинг Лисабон – Манчестер Сити, Meталист – Олимпијакос, Твенте – Шалке, Стандард – Хановер, Валенсија – ПСВ, АЗ Алкмар – Удинезе, Атлетико Мадрид – Бешикташ, Манчестер Јунајтед – Атлетик Билбао.

Мх.П.