Италијанскиот калчолигаш Милан ја елиминираше Црвена Ѕвезда во првата фаза од нокаут натпреварите во Лигата на Европа, иако „росонерите“ не успеаја да победа во двомечот со српскиот првак. Реваншот на „Сан Сиро“ заврши 1-1, а „миланезите“ пласман понатаму обезбедија благодарание на ремито 2-2 во Белград.

Фудбалерите на Милан во раната фаза од натпреварот поведоа со 1-0. Стрелец на водечкиот погодок беше Кеси од белата точка. Белградските „црвено бели“ пред негативата не потклекнаа, туку се исправија и почнаа да го надигруваат противникот. Наградата за храбрата игра стигна во 24-та минута кога Ел Фарду Бен погоди за 1-1. Двете екипи до крајот на мечот играа отворен фудбал. Црвена Ѕвезда имаше неколку добри прилики за погодок, а Вар системот поништи еден погодок на Милан. „Росонерите“ само поради правилото „гол во гости“ патуваат во следната фаза.

  • Резултати:

Ајакс – Лил 2-1 (2-1)

Арсенал – Бенфика 3-2 (1-1)

Хофенхајм – Молде 0-2 (3-3)

Наполи – Гранада 2-1 (0-2)

Глазгов Ренџерс – Антверп 5-2 (4-3)

Шахтјор Доњецк – Макаби Тел Авив 1-0 (2-0)

Виљареал – Салсбург 2-1 (2-0)

Милан – Црвена Ѕвезда 1-1 (2-2)

Рома – Брага 3-1 (2-0)

Баер Леверкузен – Јанг Бојс 0-2 (3-4)

Клуб Бриж – Динамо Киев 0-1 (1-1)

Динамо Загреб – Краснодар 1-0 (3-2)

Лестер – Славија Прага 0-2 (0-0)

Манчестер Јунајтед – Реал Сосиедад 0-0 (4-0)

ПСВ – Олимпијакос 2-1 (2-4)

Во заградите се резултатите од првите мечеви.

OhridNews