Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Охрид оствари тет-а-тет средба со албанскиот премиер Еди Рама.

Како што објави Мицкоски, двајцата разговарале за унапредување на билатералната соработка, зајакнување на добрососедските односи и продлабочување на партнерството меѓу Македонија и Албанија.

Продолжуваме да градиме односи засновани на доверба, меѓусебно почитување и заеднички интереси,  напиша во објавата на Фејсбук Мицкоски.

Средбата се одржа по денешната промоција на системот „One Stop Shop“ на граничниот премин „Ќафасан“. Од понеделник, 23 ноември, граничните и царинските контроли на преминот ќе се вршат со едно застанување во секоја насока.

OhridNews

Фото: Фејсбук