Вечерва ќе биде комплетирана листата на екипи кои ќе учествуваат во 1/16 финалето, во фудбалската Лига Европа.


Македонскиот фудбал, во нокаут фазата, ќе има двајца преставници, во имињата на Горан Пандев (Наполи) и Даниел Герогиевски (Стеауа).

Останатите: Игор Митревски (Нефчи), Александар Лазевски (Партизан), Дарко Тасевски (Кирјат Шмона), Агим Ибраими (Марибор) и Иван Тричковски (Бриж), во четврток, ќе ги одиграат последните натпревари со своите екипи оваа сезона во Лига Европа.

Инаку пласман во 1/16 финалето веќе изборија 20 екипи: Анжи, Атлетико Мадрид, Викторија Плзен, Фенербахче, Борусија Менхенгладбах, Бордо, Њукасл, Стеауа, Дњепар, Наполи, Генк, Рубин, Интер, Лион, Спарта Прага, Лацио, Металист, Баер Леверкузен, Хановер и Леванте.

За преостанетите четири места ќе се борат Ливерпул и Јанг Бојс во А групата, Штутгарт и Копенхаген во Е групата, Базел и Видеотон во Г групата и Тотенхем и Панатинаикос во Ј групата.

Во 1/16 финалето во ова натпреварување пласман изборија и третопласираните екипи од групите во Лигата на шампиони.

Група А:

Удинезе-Ливерпул

Јанг Бојс-Анжи

Група Б:

Хапоел Тел Авив-Академика

Викторија Плзен-Атлетико Мадрид

Група Ц:

АЕЛ-Марсеј

Фенербахче-Борусија М.

Група Д:

Бордо-Њукасл

Маритимо-Бриж

Група Е:

Копенхаген-Стеауа

Штитгарт-Молде

Група Ф:

Дњепар-АИК

Наполи-ПСВ

Група Г:

Генк-Базел

Спортинг Лисабон-Видеотон

Група Х:

Интер-Нефчи

Партизан-Рубин

Група И:

Атлетик Билбао-Спарта Прага

Лион-Кирјат Шмона

Група Ј:

Марибор-Лацио

Тотенхем-Панатинаикос

Група К:

Баер Леверкузен-Розенборг

Рапид Виена-Металист

Група Л:

Твенте-Хелсинборг

Леванте-Хановер

“Макфакс“