Кошаркарите на Реал Мадрид со судни маки и со тесен резултат 86-85 го совладаа составот на Макаби Тел Авив за втор триумф во Евролигата. Изненадување во Мадрид спречи Џејси Керол кој за три поени прецизно биеше на 2.4 секунди до крајот на мечот. 36-годишниот кошаркар после филигранска точна акција на „кралевите“ остана сам и не погреши за нова победа во кошаркарската елита во Европа.

OhridNews