Победа на Шкендија (3-1) против Хелсинки и реми (1-1) на Работнички со Динамо Минска е билансот на двата македонски преставници во првите мечеви во квалификациите за пласман во Лигата на Европа.

Тетовските „црвено црни“ на крилата од репрезентативецот на Македонија, Бесарт Ибраими, кој три пати ја погоди мрежата на финците го искористија домашниот терен. Шкендија после половина час игра губеше 1-0, но Ибраими со голови во 45-та, 59-та и 64-та минута го реши гостинскиот состав и донесе одлична предност пред реваншот следната недела.

„Романтичарите“, пак, во судиското продолжение се спасуваа од пораз во дуелот со Динамо Минск во Скопје. Стрелец на голот кој остава надеж за поволен резултат беше Бојан Најденов. Претходно за гостинскиот тим погоди Владимир Квашчински.

Реваншите на македонските екипи во квалификациите во Лигата на Европа се за недела дена, а двете екипи ќе играат на гостински терен.

Фото: Гол.мк
OhridNews