По одиграувањето на сите 16 натпревари познати се осминафинални двојки во Лигата Европа. Македонскиот интернационалец Горан Попов со тимот на Динамо Киев ќе игра против Манчестер Сити, Ливерпул ќе игра против Брага додека Виљареал ќе се судри со Баер Леверкузен.


Осминафинални двојки:

Бенфика – ПСЖ
Динамо Киев – Манчестер Сити
Твенте – Зенит
ЦСКА Москва – Порто
ПСВ – Ренџерс
Баер Леверкузен – Виљареал
Ајакс – Спартак Москва
Ливерпул – Брага

Првите натпревари се играат 10 март, додека реванш мечевите се играат на 17 март.

Оhridnews