Македонскиот преставник во фазата по групи во Лигата на Европа, Вардар претрпе нов пораз, откако изгуби во Норвешка од составот на Розенборг 3-1.

Домашните фудбалери отпорот на „вардарци“ го скршија после 25 минути игра, кога Никлас Бендтнер од пенал го отвори резултатот.

На стартот од вториот дел Розенборг ја дуплираше предноста со погодокот на Андерс Конрадсен, додека на недостижни 3-0 зголеми Вегар Еген Хеденштад. Почесниот погодок за „црвено црните“ го постигна Хуан Филипе во 90-та минута од натпреварот.

Идентична победа (3-1) забележа и составот на Зенит на дуелот со Реал Сосиедад. Со триумфот русите се одлепија на врвот од табелата и лидери се со шест бодови пред Реал Сосиедад и Розенборг кои имаат по три бодови.

Резултати:

Група Г: Лугано – ФЦСБ (Стеауа) 1-2, Викторија Плзен – Хаполе Беер Шева 3-1

Табела: ФЦСБ (Стеауа) 6, Хапоерл Беер Шева 3, Викторија Плзен 3, Лугано 0,

Група Х: Бате Борисов – Арсенал 2-4, Келн – Црвена Ѕвезда 0-1

Табела: Арсенал 6, Црвена Ѕвезда 4, Бате Борисов 1, Келн 0

Група И: Коњаспорт – Виторија 2-1, Салзбург – Олимпик Марсеј 1-0

Табела: Салзбург 4, Олимпик Марсеј 3, Коњаспорт 3, Виторија 1

Група Ј: Атлетик Билбао – Зорија 0-1, Остерсундс – Херта 1-0

Табела: Остерсундс 6, Зорија 3, Атлетик Билбао 1, Херта 1,

Група К: Лацио – Зулте Варегем 2-0, Ница – Витесе 3-0

Табела: Ница 6, Лацио 6, Зулте Варегем 0, Витесе 0

Група Л: Розенборг – Вардар 3-1, Зенит – Реал Сосиедад 3-1

Табела: Зенит 6, Реал Сосиедад 3, Розенборг 3, Вардар 0.

OhridNews