Екипите на Бенфика и Севилја ќе се сретнат во финалето од Лигата на Европа кое се игра на 14 мај во Торино.
Победата од 2-1 извојувана на првиот натпревар беше пресудна за Бенфика да се пласира во финалето во дуелот со Јувентус откако реваншот заврши без голови 0-0. Среќата им се насмевна на фудбалерите од Севилја кои благодарание на правилото гол во гости ќе играат во финалето. Андолузијците на првиот натпревар победија 2-0, а во вториот претрпеа пораз 3-1.
Мх.П.