Во четврток, во Лига Европа ќе се одиграат првите осминафинални натпревари. единствениот Македонец кој е дел од ова натпреварување, Горан Пандев, во дербито на оваа фаза, со Наполи ќе гостува во Порто.

Покрај натпреварот Порто-Наполи, големо внимание привлекува дуелот помеѓу Тотенхем и Бенфика, односни италијанската пресметка во која ќе играат Јувентус и Фиорентина.

Изненадувањето Лудогорец ќе ја пречека Валенсија, додека Базел ќе му биде домаќин на Салцбург. АЗ Алкмар е фаворит во пресметката со рускиот Анжи од Махачкала, а Лион ќе ја пречека Викторија Плзен.

Лига Европа, 1/8 финале први натпревари : 19:00 ч. Базел-Салцбург, 19:00 ч. Порто-Наполи, 19:00 ч. Лудогорец-Валенсија, 21:05 ч. АЗ Алкмар-Анжи, 21:05 ч. Јувентус-Фиорентина, 21:05 ч. Лион-Викторија Плзен, 21:05 ч. Севилја-Бетис, 21:05 ч. Тотенхем-Бенфика.

„Макфакс“