Англискиот гигант Ливерпул е наредниот противник на Работнички во третото квалификациско коло од Лигата Европа. “Романтичарите“ ремизираа 0-0 на гостувањето кај Мика во Ереван и со севкупни 1-0 се пласираа во третата рунда.


Избраниците на Стратев одиграа дисциплинирано во текот на целиот натпревар, ги одбија сите напади на домаќините и со сосема заслужено обебзбедија двомеч со еден од најславните светски клубови Ливерпул.


“Црвените“ ќе бидат најсилниот европски тим кој некогаш гостувал во Македонија. Првиот натпревар ќе се игра на 29 јули на националната арена “Филип Втори“ во Скопје

М.П.