Екипите на Работнички и Шкендија продолжуваат со мечевите во квалификациите за пласман во Лигата на Европа, додека Пелистер ја заврши својата евро авантура во најмасовното клупско натпреварување.

Работнички и Шкендија со нови победи го заверија пласманот во следната рунда. „Романтичарите“ со високи 6-0 го совладаа Тре Пене од Сан Марино и со вкупен резултат (7-0) се пласираа понатаму, а тетовските „црвено црни“ со 4-0 беа поуспешни од молдавска Дачија и без примен гол со (7-0).

Полскиот Лех Позњен беше преголем залак за освојувачот на трофејот во Купот на Македонија, Пелистер. Полјаците низ двата мечеви покажаа повеќе квалитет и заслужено со две победи и со вкупен биланс (7-0) патуваат во следната фаза.

Во зависност од другите исходи Работнички и Шкендија ќе ги дознаат своите противници во третата фаза во квалификациите за пласман во групната фаза од Лигата на Европа.

Фото: Гол.мк
OhridNews