Најдобриот македонски преставник во еврокуповите Работнички отпатува во Ереван, каде ќе треба да ја одбрани предноста од 1-0 стекната на првиот меч во Скопје против Мика. Влогот во овај меч е огромен поради тоа што победникот од овај двомеч ќе има неповторлива можност да игра против еден од најголемите светски клубови англсикиот Ливерпул.

Резултатот е добар. Домаќинот мора да игра офанзивно, а ние тоа треба
да знаеме да го казниме. Ако постигнеме гол веруваме дека мисијата
успешно ќе ја завршиме
– рече Стратев на заминување за Ерменија.

Натпреварот се игра во 15 часот по македонско време

По изненадувачкото реми против летонскиот Вентспилс, дебитантот на европската фудбалска сцена, Тетекс ќе ,му треба победа за пласман во третата рунда.Таму ги очекува подобриот од дуелот Елфсборг-Искра (2-1).

Знаеме со кого си имаме работа и затоа нема да отстапиме од нашата стратегија што не’ остави во игра по првото полувреме. Нема ништо да менуваме, а од играчите задолжени за головите очекуваме да се корегираат и бараме еднаш да ја погодат противничката мрежа – вели Тони Јакимоски пред новиот предизвик.

Мечот Тетекс – Вентспилс започнува во 16.30 минути.

Ohridnews