Македонскиот судија, интернационалецот Александар Ставрев ќе го води мечот од Лигата Европа во Виена меѓу Рапид и Порто. Помошници на Ставрев ќе му бидат Љубомир Крстевски и Марјан Кировски, зад двата гола ќе бидат Димитар Мечкаровски и Горан Спирковски, додека четврти судија е Петар Мантев.


За Ставрев ова е трет натпревар сезонава во Лигата Европа беше главен судија на средбите Дебрецин-Металист 0-5 и Оденсе-Јанг бојс 2-0.

Ohridnews