Екипите на Партизан и АЗ Алкмар ги поделија бодовите ремизирајќи 2-2 во Белград, додека „црвените ѓаволи“ едвај го „скршија“ отпорот на Астана и со минимални 1-0 славеа на Олд Трафорд.

Составот на АЗ Алкмар поведе во 12-та минута со 1-0. Стрелец на погодокот беше Келвин Стингс. Во 28-та минута холанѓаните останаа со фудбалер помалку после директниот црвен картон на Јонас Свенсон. Бројчаната предност на теренот „црно белите“ ја капитализираа пред крајот на првиот дел со голот на Бебрас Начо од белата точка. Истиот фудбалер во 61-та минута од мечот погоди за комплетен пресврт и водство 2-1. Радоста на домаќините траеше само шест минути. Мирон Боаду стрелаше за 2-2. „Црно белите“ притиснаа, но не најдоа начин да постигнат трет погодок.

Во вториот меч од Л групата, Манчестер Јунајтед благодарание на Мејсон Гринвуд се изваде од прописен резил и разочарувачко реми. Тинејџерот имаше добар соло продор и топката ја смести во мрежата со маестралниот удар кој помина низ нозете на расположениот гостински голман.

Резултати: 

Група Г: Порто – Јанг Бојс 2-1, Глазгов Ренџерс – Феенорд 1-0

Група Х: Еспањол – Ференцварош 1-1, Лудогорец – ЦСКА Москва 5-1

Група И: Гент – Сент Етјен 3-2, Волфсбург – Александрија 3-2

Група Ј: Борусија Менхенгладбах – Волфсбергер 0-4, Рома – Башекшехир 4-0

Група К: Слован Братисла – Бешикташ 4-2, Вулверхемптон – Брага 0-1

Група Л: Манчестер Јунајтед – Астана 1-0, Партизан – АЗ Алкмар 2-2

OhridNews

ЛЕ: Арсенал го „потопи“ Ајнтрахт Франкфурт во Германија (видео)