Добар ждреп за македонските преставници во Лигата на Европа. Ренова која ќе настапува во првата квалификациска рунда за противник го доби Гленторан од Северна Ирска.

Тимот со најголем рејтинг Работнички во првото коло ќе се сретне со Транс Нарва од Естонија.

Македонските преставници своите први натпреври ќе ги играат како домаќини на “Филип Втори“ стадионот во Скопје.

Актуелниот куп освојувач Металург, кој натпреварите ќе ги започне во втората рунда од Лигата Европа за противник го доби Локо од Софија. Првиот натпрвар се игра на 14 јули во Софија.

Ohridnews