Во пресрет на реванш средбата од третото квалификациско коло од Лигата на Европа во фудбал со Анортозис од Кипар, ФК Работнички одржа прес-конференција.


„Морам да истакнам дека во Кипар бевме примени срдечно од домаќинот, а дека и публиката беше сосема коректна. За време на мечот френетично навиваше за Аностозис, но на крајот не испратија со аплаузи. Затоа би замолил публиката да биде во што поголем број, но да навива без политички пароли и навреди, за што еднаш бевме непотребно казнети против Ливерпул„, рече директорот Игор Ангеловски.

„Анортозис иако загуби во Кипар, тоа е тим квалитетен и опасен со 17 странски фудбалери. Искористивме што не беа во тренажен процес, издржавме во првото полувреме да не примиме гол и по тоа кога им падна играта направивме реализација. Во Скопје тие мора да тргнат први да постигнат гол. Но за тоа има план како да се спречи. Сепак доколку поведат, имаме план Б. Ние имаме свои квалитети, добри играчи по бочните линии и во шпицот. Важно е нашите играчи да не подлегнат на мислата дека е ова историски успех, туку да го одиграат натпреварот онака како што ќе се договориме“, рече тренерот Горан Петрески.

„Важно е да не го браниме резултатот, туку да се обидеме први да постигнеме гол, со што би го отвориле патот во четвртото коло. Играчите нестрпливо го очекуваат почетокот на натпреварот и да изборат пласман во следната рунда“, рече играчот на Работнички Борче Маневски.

Мечот започнува во 20 часот со директен пренос на Канал 5 телевизија. Билети може да се набават до 17 часот во просториите на Работнички, а од 17 до 20 часот во билетарата пред Филип Втори.

“извор Макфакс“
Ohridnews