Германско-шпанските пресметки ќе ја обележат четвртфиналната фаза, во второто според квалитет фудбалско натпреварување на Стариот континент – Лига Европа. Шалке ќе го пречека Атлетик Билбао, Хановер ќе му гостува на Атлетико Мадрид.


На другите две средби АЗ Алкамар игра против третиот шпански преставник. Валенсија, додека Спортинг за противник го има Металист. Сите четвртфинални дуели ќе бидат први соочувања на екипите, во европските купови.

Шалке ќе го пречека Атлетик Билбао, екипа која во претходната рунда два пати го победи Манчестер Јунајтед. Но по тие победи Баскијците тргнаа во лоша серија во домашното првенство, забележаа три порази на последните три средби. Шалке, во своите редови го има најдобриот стрелец во Лига Европа, Клас Јан Хунтелар. Холанѓанецот на последните две средби на неговиот тим постигна шест погодоци. Екипата од Гелзенкирхен, досега 21 пат има играно против тимови од Шпанија и има скор од седум победи, осум порази и шест нерешени.

Атлетик нема пријатно искуство со германски тимови, има забележано само една победа и едно реми, на шесте одиграни натпревари.

Атлетико во Мадрид ќе му биде домаќин на Хановер, кој со постигнувањата пријатно изненади оваа сезона. Хановер, по втор пат во историјата игра во европските купови, во својот прв настап, во 1992 година во КПК, испадна во првото коло од Вердер. Главен адут на Атлетико е напаѓачот Радамел Фалкако, кој минатата сезона со Порто го освои трофејот во ова натпреварување.

Порто, уште во шеснаесетина финалето се прости од одбраната на трофејот, па честа на Португалија ја брани Спортинг кој во Лисабон ќе го пречека Металист. Украинскиот тим оваа сезона нема ниту еден пораз на гостувањата, на петте натпревари фудбалерите на овој тим забележаа четири победи. Екипата од Харков е најефикасна во Лига Европа со 25 постигнати голови. Cпортинг, надежта ја полага во традицијата, „зелено-белите“ на домашен терен немаат пораз во европските купови веќе десет натпревари.

Третиот шпански тим, Валенсија, првиот меч ќе го одигра во гости кај АЗ Алкмар. Валенсија, во минатата рунда го елиминира ПСВ Ајндховен, а од европските купови никогаш беше поразена од некоја холандска екипа. АЗ досега има одиграно три натпревари со шпански екипи и има забележано само една победа. Екипата од Алкмар во 2004 година, исто така во Лига Европа, го елиминира Виљареал.

Четвртфиналните натпревари ќе се одиграат во четврток со почеток во 21:05 часот.

Финалето во Лига Европа на програмата е на 9. мај во Букурешт.

“макфакс
Ohridnews