Единствениот македонски преставник во фудбалска Европа, Шкендија во првата рунда во плејофот за пласман во фазата по групи во најмасовното клупско натпреварување гостува кај норвешкиот Розенборг.
Тетовските „црвено црни“ шанса за влез во Лигата на Европа добија после елиминацијата во третата рунда во квалификациите за пласман во Лигата на Шампиони.
- Во фудбалот се е можно. Ќе се обидеме да ги искористиме нашите шанси за да се пласираме во групната фаза. Имаме тим кој оствари успешни резултати минатата сезона во првенството, а лани имавме добри резултати и во Лига Европа. – изјави тренерот на Шкендија, Ќатип Османи.
Натпреварот во „Ленкаран“ арената во Трондхајм започнува во 20 часот и 45 минути.
OhridNews