Македонскиот фудбал во екипите на Шкендија и Вардар ќе има два свои адути во последната квалификациска рунда за пласман во Лигата на Европа.

Шкендија во четвртото коло се пласираше после елиминацијата на литванскиот состав Тракаи со вкупен резултат (4-2). Тетовските „црвено црни“ на домашен терен во Струмица славеа со 3-0 и комплетно ја анулираа негативата (2-1) од првиот натпревар.

Творци на победата беа македонските репрезентативци Ферхан Хасани и Бесарт Ибраими кои ги постигнаа трите голови.

Вардар пласман во 4-та квалификациска рунда за влез во Лигата на Европа обезбеди како учесник во квалификациите за Лигата на Шампиони. 

Двата македонски преставници противниците ќе ги дознаат утре после ждрепката во 13 часот во просториите на УЕФА во Нион.

OhridNews