Македонските претставници во Лига Европа, Работнички и Шкендија, денеска ќе ги одиграат реванш натпреварите во рамките на второто квалификациско коло во Лига Европа.

Работнички гостува во Минск кај белорускиот преставник Динамо и ќе има тешка задача да се пласира во третото коло. Првиот натпревар одигран минатиот четврток во Скопје на стадионот „Петар Милошевски“ заврши без победник 1:1.

Шкендија е во многу поповолна позиција од Раборнички бидејќи во Хелсинки отпатува со победа од 3:1. Шкендја пред една недела победи со трите гола на репрезентативецот Бесарт Ибраими.

Натпреварот во Минск ќе започне во 17 часот, додека еден час подоцна ќе стартува и дуелот во Хелсинки.

„Макфакс“
OhridNews