Атлетик Билбао го продолжи својот “европски“ сон откако на Сан Мамеш избраниците на “лудакот“ Бјелса ремизираа со Шалке 2-2. Во првиот натпревар “баскијците“ на Ауф Шалке Арената триумфираа со 4-2 што беше доволно за пласман во најдобрите четири екипи.


Валенсија со “покер“ погодоци го совлада АЗ Алкмар и се пласираше во 1/2 финалето во Лигата на Европа. На првиот меч одигран во Холандија, “лилјаците“ претрпеа пораз од 2-1, а на реванш натпреваро на “црвено белите“ им вратија со камата.

Резултати

Атлетик Билбао  – Шалке 2-2 (4-2)
Валенсија  – АЗ Алкмар 4-0 (1-2)
Хановер Атлетико Мадрид 1-2 (1-2)
Металист Спортинг Лисабон 1-1 (1-2)

Во 1/2 финалето кое се игра на 19 и 26 април, ќе се сретнат:

Атлетико Мадрид – Валенсија
Спортинг              – Атлетик Билбао

Мх.П.