Севилја – Валенсија и Бенфика – Јувентус се полуфиналните двојки во Лигата на Европа. Ждребката не беше наклонета кон шпанските клубови и ги однесе на меѓусебен двобој. „Старата Дама“ до финалето кое се одигра на стадионот во Торино ќе мора да ја мине Бенфика.
Двојки :
Севилја – Валенсија
Бенфика – Јувентус
Првите полуфинални натпревари се играат на 24 април додека реваншот една седмица подоцна односно на 1 мај. Финалето во Торино е закажано за 14 мај.
Мх.П.