Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне со триумфот над Атлетик Билбао од 3-0 во Букурешт, стана само третиот тренер кој успеал да го освои трофејот и како играч и како тренер.

42 годишниот Арегентинец со трофејот се “сретна“ повторно по 14 години откако како играч во финалето во Париз, со тимот на Интер го совлада Лацио со 3-0.

Симеоне влезе во друштво на Дино Зоф и Хуб Стивенс. Зоф го освои УЕФА купот како играч на Јувентус 1977 година го совлада Атлетик Билбао во финалето, додека како тренер со “бјанконерите“ во 1990 година ја совладаа Фиорентина.

Стивенс како одбранбен играч во тимот на ПСВ Ајндховен во финалето 1978 година ја совладаа Бастија, додека како тренер со тимот на Шалке во 1997 година го совлада Интер.

Симеоне е четвртиот неевропјанин кој успеал да триумфира во УЕФА купот, следејки ги неговите славни сонародници Луис Карнила, Хеленио Херера и Алфредо Ди Стефано.

М.П.