Манчестер Јунајтед благодарение на триумфот од првиот меч (2-0) обезбеди пласман во понатамошната фаза од Лигата на Европа. “Црвените ѓаволи“ на Олд Трафорд претрпеа “среќен“ пораз од Ајакс со 2-1 и со севкупни 3-2 се пласирааа во најдобрите 16.


Од поинтересните дуели, освојувачот на трофејот во 2010 година, Атлетико Мадрид и во вториот натпревар успеа да забележи победа над Лацио овој пат со минимални 1-0. На Олимпико во првиот меч од 1/6 финалето, “јорганџиите“ триумфираа со 3-1. Минатогодишниот финалист во Лигата на Европа, Брага оствари пирова победа од 1-0 над Бешикташ. Португалците на првиот натпревар на домашен терен беа поразени со 2-0.

Резултати :
Манчестер Јунајтед – Ајакс 1-2 (2-0),
Андерлехт – АЗ Алкмар 0-1 (0-1),
Атлетико Мадрид – Лацио 1-0 (3-1),
Спортинг – Легија 1-0 (2-2),
Шалке – Плзен 3-1 (1-1),
Металист – Салзбург 4-1 (4-0),
Олимпијакос – Рубин Казан 1-0 (0-1)
Бешикташ – Брага 0-1 (2-0)

Мх.П.